Изгореа багремови дрва во пожар во Челопек
Пожар избувнал во тетовското село Челопек, при што изгореле багремови дрва на приватен имот, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 21 јули во 14:00 часот случајот бил пријавен во Полициското одделение Жеровјане. Огнот зафатил имот во сопственост на Т.В., при што биле опожарени багремови дрва.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.
Полициски екипи извршиле увид, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.






