Изложба на дела од Ликовната колонија „Неготино 2020“ отворена во Велес

Во Ликовниот салон во Велес денеска е отворена изложба на дела од ликовната колонија „Неготино 2020“, на која се претставени 31 дело на 17 автори од Неготино и Кавадарци – учесници на Колонојата

Изложбата е во рамките на Велешко лето 2021“ што го организира Општина Велес во соработка со Народниот музеј од Велес  и со Музејот на град Неготино кој е организатр на изложбата.

Поради ковид-пандемијата, учесници на колонијата лани биле само ликовни  уметници и аматери сликари од регионот на Кавадарци и Неготино, кои подолг период се занимаваат со сликарство.

Создавањето на ликовните дела во 2020-та беше во домашни услови со сликарски материјали – платна и бои  обезбедени од организаторот, а потоа, на 21 јули, изложбата беше претставена во дворот на музејот на град Неготино, информираше за МИА Драгица Чекоровска, директор на Музејот на  Неготино и една од уметниците која учествуваше и со четири свои дела се претстави на изложбата од оваа колонија.

-Ликовната колонија Неготино е можност за збогатување на збирката на уметнички дела на Народниот музеј од Неготино,Таа е промоција на современото сликарство, збогатување на уметничката продукција и поврзување на ликовните уметници од овој регион. Збогатената културна понуда со голем број уметнички дела, промоцијата на современото сликарство се меѓу главните задачи на оваа ликовна колонија, запознавање на ликовните уметници со неготинското винско подрачје со посета на винарии и манастирот „Св. Ѓорѓи“,  посета на Музејот во Неготино, што се реализира преку екскурзии, се важни содржини на оваа ликовна колонија. Со неа, воопшто, се промовира и градот Неготино, истакна Чекоровска.

Инаку, дела од првата ликовата колонија „Негoтино 2019“ во Велес беа претставени во септември минатата година. 

Чекоровска појасни дека првата „Ликовна колонија Неготино 2019“ беша меѓународна на која, освен од земјава, учествуваа и ликовни уметници од Србија.
Информираше и дека за годинава  Министерството за култура не им одобрило финансиски средства за работа на Неготинската колонија 2021 и тие од сопствени средства  планираат да  направат  арт перформанс со помалку денови отколку што трае колонијата.

Back to top button
Close