Изложба на најзначајните икони по повод милениум од Бигорскиот манастир
– Изложба со дваесеттина највредни и најдрагоцени икони од Бигорскиот манастир ќе биде отворена вечерва во рамки на галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Поставката на Ансамблот „Македонија“ е во рамки на одбележувањето на илјадагодишнината од манастирот, а предвидува презентација на реплики во оригинална големина на осум олтарни икони, две чудотворни икони, две тронски икони (Владички и Игуменски Трон), три икони од 16 век, еден капак од кивот од Свети мошти, една плаштеница и две фрескоикони. Иконите ќе бидат прикажани во нивната отигинална големина.
Отворањето на изложбата е предвидено за од 19 часот.
Манастирот „Свети Јован Бигорски“ е еден од најзначајните историски споменици од тој вид во земјата. Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него. аб/са/