Изложба на Валдете Ибиши вечерва во Кичево

 Во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево, вечерва ќе биде отворена изложба на слики на младата уметница, Валдете Ибиши, со работен наслов „Прекрасните убавини на старите куќи“.

– Валдете Ибиши е млада сликарка која на универзитетот во Тетово ја заврши ликовната академија отсек сликарство. Нејзините слики се дела што произлегуваат од страста на душата и времето на нејзиното детство и потврдува дека историјата е многу богата а овие куќи имаат многу приказни,болка,радост,среќа и сиромаштија.Старите куќи се важен споменик на нашата култура,ги граделе мајстори кои со нивната напорна работа и пот создале зачудувачки форми, вели за изложбата, Маја Николоска Сиљаноска од Центарот за култура.

Таа додава дека овие дела се претставени во изразен дух, деформирачка реалност, насликани со дебели слоеви на боја, со прекумерен акцент,со лесни тонови а со некои погледи изгубени некаде во фантазијата.

Младата Ибиши, потенцира, уште од студенски години имала намера да подготви една ваква изложба, а старите куќи и биле привлечни од раното детство и сега и се остварува нејзината дамнешна желба, идејата да ја преточи во стварност.

Таа има учествувано на повеќе групни изложби во Кичево, Струга и Тетово.

Back to top button
Close