Измени во фудбалското правило за играње со рака 

– Телото задолжено за креирање на фудбалските правила (IFAB) одлучи денеска да воведе измени во одредбата поврзана со случајно играње со рка на напаѓач во акција што резултира со постигнување гол. 

„Случајното играње со рака што ќе доведе до тоа соиграчот во продолжение на акцијата да постигне гол веќе нема да се санкционира како прекршок“, одлучи IFAB на своето годишно заседание. 

Новото фудбалско правило треба да почне да се применува од 1.април.

Back to top button
Close