Израел ја урива канцеларијата на хуманитарната организација на ОН во Ерусалим поради наводни врски со Хамас

Израел почна со уривање на канцеларијата на Обединетите нации во Ерусалим, откако владата претходно воведе рестрикции за хуманитарните организации кои им пружаат помош на Палестинците.

УНРВА (UNRWA), Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци на Х соопшти дека израелските сили конфискувале уреди на персоналот и ги присилиле да го напуштат своето седиште во населбата Шеик Џара.

 

– Ова е невиден напад и тоа не само врз УНРВА и нејзините простории. Ова претставува сериозно кршење на меѓународното право и на привилегиите и имунитетот на Обединетите нации, се наведува во соопштението.

Израел долго време ја осудуваше агенцијата УНРВА поради, како што тврди, пропалестински ставови и ја обвини за врски со Хамас, што таа го негираше

Back to top button
Close