Израел им го укина дипломатскиот статус на холандските дипломати во Рамала
Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека го укинало дипломатскиот статус на холандските дипломати во претставништвото на Холандија во Рамала, како одговор на одлуката на Хаг да забрани увозот на производи од израелските населби на окупираниот Западен Брег.

Во соопштението се наведува дека дипломатскиот статус на дипломатите истекува за седум дена.
– Откако минатата недела стапи во сила одлуката објавена од Холандија во јули, холандските дипломати кои работат во Рамала мора да ги вратат своите дипломатски акредитиви во рок од седум дена, објави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар на Икс.
Тој додаде дека по истекот на рокот „ќе престанат да важат дипломатските привилегии и имунитет што им ги доделила Државата Израел“.






