Израел изброја 77 земји кои отсуствувале од говорот на Нетанјаху во ОН. Меѓу нив е и Македонија
Израел изброја 77 земји кои отсуствувале за време на обраќањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху во ОН во четвртокот – меѓу нив Египет, Јордан, Саудиска Арабија и Турција. Некои во знак на протест, други поради отсуство. Во списокот е наведена и Македонија, што е неочекувано поради блиските односи на македонската влада со израелската. Во Тел Авив неодамна беше и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

На списокот, на пример, е и Словенија, иако има видео од средба на Нетанјаху и словенечкиот премиер Јанез Јанша пред говорот на израелскиот премиер.
На видео снимката убаво се гледа како во салата се присутни српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за финансии, Синиша Мали. Вучиќ се врти назад да го види размерот на напуштањето на салата.
Говорот на премиерот Нетанјаху на Генералното собрание на ОН привлече светски наслови – не поради неговата содржина, туку поради масовното напуштање на салата пред тој да се обрати. Нетанјаху го гледаше цинично нивното заминување.
Тој одржа запаллив говор. Го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „тиранин“, го напаѓаше градоначалникот на Њујорк Зохран мамдани. И негенрално сите што имаат поинакво мислење за израелската операција во Газа и убиствотона над 70.000 Палестинци.
Израелските медиуми јавија дека веднаш по завршувањето на обраќањето, Нетанјаху го напуштил Њујорк. Можеби од страв од апсење. А можеби и поради тоа што немаше никаква најавена средба со претставници на администрацијата на Доналд Трамп.
Според израелските претставници, 77 делегации или целосно отсуствувале од салата или ја напуштиле салата на почетокот на говорот на Нетанјаху. Меѓу нив биле сите четири непосредни соседи на Израел – Египет, Јордан, Либан и Сирија – како и Саудиска Арабија, Турција и Иран.
Нетанјаху ги нарече оние што ја напуштија салата „морални кукавици“ и ги повика другите што не сакаа да го слушаат неговиот говор да си заминат.
За време на масовниот егзодус, еден израелски дипломат беше снимен како поминува покрај празните столчиња и запишува кои делегации се отсутни. Уште пред говорот, израелските медиуми објавија дека посебно внимание ќе се посвети на тоа кои делегации ќе останат во салата, а кои ќе си заминат.
Сепак, претставниците забележаа дека не сите отсуства биле бојкоти. Во некои случаи, претставниците едноставно не присуствувале на утринската сесија во Њујорк
На пример, Јордан и Египет не ги зазедоа своите места, но не се придружија на организираниот протест. Делегацијата на Пакистан излезе во знак на протест, но потоа застана настрана за да го слушне говорот, изјавија израелски претставници.
Спротивно на тоа, пратениците од Бахреин и Обединетите Арапски Емирати – и двата потписнички на Аврамовиот договор од 2020 година – останаа на своите места за да го слушнат Нетанјаху, и покрај тековните затегнувања во односите околу војната во Газа и повиците од некои од неговите коалициски партнери за анексија на делови од Западниот Брег.
Меѓу 77-те земји наведени како отсутни или кои излегоа од салата се Шпанија, Бразил, Јужна Африка, Ирска, Малезија, Индонезија, Кувајт, Катар, Оман и неколку од Латинска Америка, Африка и Пацификот.
Израелскиот преглед нагласи дека драматичниот протест ги нагласува предизвиците со кои се соочува владата на светската сцена, како што се продлабочуваат дипломатските последици од војната во Газа.
Израелскиот список на земјите кои не биле присутни на говорот на Нетанјаху:
Суринам
Тувалу
Туркменистан
Јемен
Египет
Панама
Сенегал
Палестина
Судан
Тунис
Турција
Венецуела
Антигва и Барбуда
Белизе
Конго
Оман
Катар
Саудиска Арабија
Тонга
Узбекистан
Ангола
Барбадос
Колумбија
Коморите
Доминика
Џибути
Северна Македонија
Сан Марино
Јужна Африка
Сомалија
Алжир
Бангладеш
Брунеј Дарусалам
Бразил
Чиле
Демократска Република Конго (ДРК)
Либан
Либерија
Еритреја
Чад
Централноафриканска Република
Либија
Мавританија
Јордан
Никарагва
Мадагаскар
Нигер
Перу
Света Луција
Словенија
Авганистан
Бахамите
Босна и Херцеговина
Боцвана
Северна Кореја
Есватини
Сирија
Уганда
Пакистан
Лесото
Боливија
Шпанија
Туба
Екваторијална Гвинеја
Иран
Киргистан
Ирак
Мозамбик
Мјанмар
Ирска
Малдиви
Индонезија
Кувајт
Намибија
Малезија
Гвајана
Кенија
Извор: независен






