Израел: Пристигна првата пратка оружје под САД по нападите на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека првиот авион со американско вооружување пристигнал во воздухопловната база Неватим во јужен Израел доцна вечерта во вторникот.

„Соработката меѓу нашите војски е клучен дел од обезбедувањето регионална безбедност и стабилност во време на војна“, објавија ИДФ на X, порано познат како Твитер.

Во објавата се наведува дека опремата е „набавена и донесена во Израел од Одделот за производство и набавка на Министерството за одбрана на Израел, Мисијата за набавки на САД и Одделот за меѓународен транспорт“.

Back to top button
Close