Израел: Признавањето на палестинската држава е награда за тероризмот

Плановите за признавање на палестинска држава за Израел претставуваат „награда за тероризмот“ што би ги отежнало преговорите за решение за војната во Газа.

– Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот – тероризмот се исплати. Откако терористичката организација Хамас го изврши најголемиот масакр на Евреите од холокаустот, откако тие извршија грозоморни сексуални злосторства на кои сведочеше целиот свет, овие земји решија да го наградат Хамас и Иран со признавање на палестинската држава, изјави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.

– Тоа е неправда кон споменот на жртвите од 7 октомври, удар врз напорите за враќање на 128-те заложници и охрабрување за Хамас и иранските џихадисти, што ја поткопува можноста за мир и го доведува во прашање правото на Израел на самоодбрана, додаде Кац.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас и почна голема офанзива против Појасот Газа како одмазда за терористичкиот напад на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.170 луѓе, од кои повеќето цивили. Од 252 лица кои беа земени како заложници за време на нападот, 124 се уште се држат во Газа, вклучувајќи 37 мртви, според израелската војска.

Од 7 октомври, 35.647 Палестинци, повеќето цивили, се убиени во Појасот Газа во израелски бомбардирања и воени операции, според Министерството за здравство на Хамас, кој е на власт во Газа

Back to top button
Close