Израел со жестоки критики до Бејрут: Сами требаше да го разоружате Хезболах

Израелското Министерство за надворешни работи ги оправда денешните масовни напади врз позициите на Хезболах во Либан како неопходност, упатувајќи остри критики до либанската влада.
Од министерството наведуваат дека либанските власти „немаат срам што го напаѓаат Израел затоа што го прави токму тоа што тие самите требаше да го направат: да дејствуваат против Хезболах“.
И покрај прекинот на огнот во војната со Иран, израелските воздухопловни сили извршија ненадеен напад од голем обем во Либан, во кој, според либанското Министерство за здравство, загинаа десетици, а повредени се стотици луѓе.
Израелските воени извори посочуваат дека Хезболах истрелал околу 6.000 ракети и дронови во изминатиот месец. „Тие не го разоружаа Хезболах, ниту пак го спречуваат да пука кон Израел. Излажаа кога тврдеа дека ја демилитаризирале областа до реката Литани“, се вели во соопштението, во кое се заклучува дека Израел сега мора да го стори тоа наместо нив, и тоа со дела, а не со зборови.






