Израел во состојба на готовност по убиството на лидерот на Хезболах

– Израелската армија соопшти дека Израел е во состојба на готовност за поширок конфликт откако објави дека го убила лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала во Бејрут. Армијата исто така соопшти дека се надева дека неговата смрт ќе ја натера групата да го промени курсот.

„Се надеваме дека ова ќе ги промени акциите на Хезболах“, рече потполковникот Надав Шошани на брифингот за медиумите откако војската соопшти дека го убила Насрала.

Но, тој рече дека сепак ќе биде потребно време да се намалат борбените способности на Хезболах поддржан од Иран.

„Го гледаме Хезболах како извршува напади против нас веќе една година. Слободно може да се претпостави дека тие ќе продолжат да ги извршуваат своите напади против нас или ќе се обидат да го направат тоа“, рече Шошани.

Тој истакна дека нема дадено нови инструкции на израелските цивили во врска со борбената готовност, бидејќи сегашните упатства веќе ставија голем дел од земјата во состојба на висока готовност.

„Хезболах го ескалира ова веќе една година… Иран јасно стои зад ова, не е тајна. Тие го поддржуваат Хамас, го поддржуваат Хезболах и нивните други сојузници. Дури и директно не нападнаа во април. Значи, дали сме подготвени за поширока ескалација? Да. Ние се наоѓаме во поширока ескалација, војна на повеќе фронтови, веќе една година. Нашите сили се во состојба на готовност, нашето разузнавање е подготвено и ги бара овие видови закани, додаде Шошани.

Back to top button
Close