Израелска војска: Удираме во срцето на Техеран

Техеран го потресуваат нови експлозии, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.

ИДФ пред нешто повеќе од половина час објави дека „започнале удари врз срцето на Техеран“.

„Воздухопловните сили, водени од воената разузнавачка служба, токму сега започнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, додава војската.

„Во текот на изминатиот ден, воздухопловните сили спроведоа обемни напади за да воспостават воздушна надмоќ и да го отворат патот кон Техеран“, се наведува во соопштениет о.

Back to top button
Close