Израелската влада прогласи вонредна состојба во целата земја


Израелската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја денеска по драматичното интензивирање на борбите меѓу израелската војска и Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.

Израелските медиуми соопштија дека декларацијата ќе трае до 30 септември и значи, меѓу другото, дека големината на собирите може да биде ограничена. Сепак, досега армијата сè уште нема објавено нови инструкции.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close