Израелскиот министер за одбранаим порача на израелските војници на границата со Газа „да бидат подготвени“

Израелскиот министер за одбрана
Јоав Галант им порача на војниците распоредени на границата со Газа „да бидат подготвени“, пренесе Би-Би-Си.
Тој денеска се сретна со израелските пешадиски војници на границата со Газа.
Галант ги повика силите „да се организираат, да бидат подготвени.
– Кој сега ја гледа Газа од далеку, ќе ја види и одвнатре. Ви ветувам, им рекол тој на војниците.
– Наредбата ќе дојде наскоро, додаде тој.
Израел распореди десетици илјади војници долж границата.






