Извештај: Во 2022 година хакерите украле рекордни 3,8 милијарди долари под форма на криптоактиви

Хакерите минатата година украле рекордни 3,8 милијарди долари под форма на крипроактиви, а најголемиот број напади биле од Северна Кореја, се наведува во извештајот на американската компанија за анализа на блокчејн „Чејнанализис“ (Chainalysis).

Во извештајот се посочува дека нападите биле во „бранови“, а најголем број се регистрирани во март и во октомври. Само во октомври во 32 одделни напади биле украдени 775,7 милиони долари.

Берзата за крипто валути во 2022 година забележа пад поради што инвеститорите избегнуваа ризични вложувања, а многу крипто компании банкротираа. Регулаторите, од своја страна, почнаа да преземаат сериозни чекори за заштита на потрошувачите.

Експертите од „Чејнанализис“ ги посочуваат како најактивните хакери поврзани со Северна Кореја, меѓу кои и познатата група „Лазарус“. Се претпоставува дека тие украле активи во вредност од 1,7 милијарди. Пјонгјанг постојано негира поврзаност со хакерските напади.

Се претпоставува дека од украдените средства Северна Кореја ги финансира своите ракетни и нуклеарни програми.

Американските агенции за спроведување на законот минатата година првпат успеаја да запленат 30 милиони долари украдени од хакери поврзани со Северна Кореја

Back to top button
Close