Извршен увид во Прилеп: Осомничениот избегал од психијатриска установа и ја нападнал социјалната работничка
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице.
Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.
Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената која е повредена и е вон животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден.
Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење.