Ја силувал сопругата, па ја претапал и ќерка му: 37-годишник заврши зад решетки
Маж од Кичево е пријавен за силување сопругата, по што физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка, информира Министерството за внатрешни работи.

„На 17.10.2026 во ОВР Кичево е пријавено дека Е.К. (37) од Кичево ја силувал неговата сопруга, а потоа физички ја нападнал малолетната ќерка“, соопштуваат од МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против мажот ќе биде поднесена соодветна пријава






