Jанушев по смената не е веќе преставник во судскиот процес Талир. Стоилковски се разболел

Доскорешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по оставката од оваа функција во партијата на 21 септември, веќе не е нејзин претставник во случајот „Талир“ за перење на 5 милиони евра.

На судењето кое конечно почна по 15-ина одлагања во текот на скоро цела една година, денеска не дојде ни претставникот Наум Стоилковски. „Наум Стоилковски не е присутен од здравствени причини. Другиот претставник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев е сменет од партиските органи“, кажа адвокатот.

Судијата Осман Шабани по ова внесе во записник дека ако во рок од три дена портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски не донесе медицинско оравдување ќе добие казна, и го одложи судењето за 21 октомври. За испраните околу 5 милиони евра, СЈО има фатено уплатници, документи и други материјални докази, како и изјави од сведоци. Не се базира, како што беше кажано, само на бомбите.

повеќе

Back to top button
Close