Кајли Џенер ги сака своите сестри подалеку од Тимоти Шаламе

Не е лесно, се чини, да се биде во врска со харизматична славна личност како француско-американскиот глумец Тимоти Шаламе. Па така, и Кајли Џенер почна да го чувствува тој товар, па претпочита нејзините сестри да се држат подалеку од него, пишува „Венити фер“ (Vanity Fair), повикувајќи се на неименувани извори.

Згора на тоа, и други наводи неодамна истакнаа дека Кајли станала „љубоморна“ и „несигурна“, плашејќи се дека „некој може да ѝ го грабне“ дечкото. „Рејдар-онлајн“ (RadarOnline) пренесува слични наводи – дека Кајли „не им верува подалеку (на постарите сестри), отколку што би можела да ги фрли“, и покрај тоа што ги сака, нагласува анонимниот пријател. Порталот „Аксес“ го посочува и флертувањето на Кендал и Ким Џенер со Шаламе, на пр., на забавата на „Оскарите“.

ТВ-ѕвездата, наводно, е решена да го задржи Шаламе за себе, и верува дека „неговиот шарм ќе исчезне“ ако нејзините сестри се почесто околу него.

Дополнително, Кајли не сака нејзините сестри да откриваат „срамни приказни за неа, како што прават сестрите“ – пред Тимоти Шаламет. Ова конкретно ја таргетираше Клои Кардашијан.

Што се однесува до Кендал Џенер, според неименуваниот очевидец, е „исто толку лоша“ поради своите склоности „да ги прегрнува и гушка сите во собата“, вклучително и момчињата на нејзините сестри. Кајли, според наводите, нема да толерира ништо од тоа, оти „смета дека го има вистински“ улов, но тој е нејзин улов“, којшто таа сака да го зачува.

Back to top button
Close