Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто

Скрининг-програмите постојат на хартија, но не стигнуваат до граѓаните, па опфатот кај ракот на дојка е под 6 %. Дијагностиката, без која нема терапија, е недоволна и ранлива. УКРО носи товар за цела држава и работи на границата на своите можности, со само три линеарни акцелератори за 1,8 милиони жители. Терапијата се планира од буџет до буџет, а пациентите губат недели од првиот сомнеж до почетокот на лекувањето. И покрај тоа со истата опрема во 2025 година и истиот персонал дијагностичките услуги се зголемени за 15% а радиотерапијата за 55% и само благодарејќи на подобрата организација и на здравствените работници, нема колапс, беше речено на денешната панел-дискусија во Владата.

На иста маса денеска седнаа претставници на Министерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО денес, во Свечената сала на Владата, каде ја одржаа работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“. ПокрајМЗ, на панел-дискусијата учествуваа и МАНУ, Медицински и Фармацевтски факултет, Институтот за јавно здравје, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ГОБ „8 Септември“, повеќе директори на ЈЗУ, здравствени работници и од јавен и од приватен сектор, претставници на пациентите, како и на индустријата. Со нив беа и водечки експерти од Франција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти“ изјави министерот за здравство Сашо Клековски на отворањето. „За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно“, изјави директорот на УКРО Игор Стојковски. Инаку, бројките покажуваат зошто разговорот е итен. Во 2023 година во Македонија се регистрирани 8.371 нови случаи на рак, што е 16 % повеќе отколку пред десет години. Истата година од рак починале 3.726 лица. Секој ден се поставуваат околу 23 нови дијагнози, а умираат околу 11 луѓе. Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто

…

Повеќе

Back to top button
Close