Како оружјето од Западот стигнува во Украина?

Западните земји испраќаат оружје и стотици милиони евра за купување оружје за одбрана на Украина од рускиот напад. Главната рута за транспорт на оружје е преку Полска, но прашање е уште колку ќе биде отворена.

   

 

ЕУ издвои 450 милиони евра за смртоносно оружје, кое вклучува системи за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, муниција и друга воена опрема за украинските сили. Уште 50 милиони евра ќе бидат потрошени за залихи како гориво, заштитна опрема, шлемови и прибор за прва помош.

Бидејќи договорите со ЕУ не дозволуваат да го користи вообичаениот буџет за воени цели, активиран е таканаречениот Европски мировен објект, кој му овозможува на Брисел да испрати воена помош до горната граница од пет милијарди евра.

Ова се случи веднаш по промената на парадигмата во германската одбранбена политика, која ја укина забраната за испорака на смртоносно оружје во воените зони.

Соединетите Американски Држави, исто така, ги зголемуваат испораките и обезбедуваат дополнителни 350 милиони долари воена помош. Така, вкупната американска воена помош за Украина минатата година достигна една милијарда долари и повеќе од 2,5 милијарди долариод 2014 година.

Логистички предизвици 

Иако ова сигнализира огромен поттик за Украина во нејзините напори да ги одбие руските сили, постои загриженост поради логистиката и потенцијалните пречки. Прашањата се однесуваат на тајмингот и рутите на испорака.

Досега воената помош од Запад се доставуваше по копнен или воздушен пат, во зависност од видот на оружјето. Но, воздушниот простор над Украина сега е контролиран од руски борбени авиони, кои би можеле да пресретнат пратки, главно со воздушни и ракетни напади. „Ако ги знаат рутите, можат да ги следат и да видат што се транспортира“, вели за ДВ Густав Гресел, експерт за Источна Европа и одбранбена политика во Европскиот совет за надворешни односи.

Krim I Russischer PanzerРуски тенкови: Москва би можела да ја отсече линијата на снабдување долж границата со Полска.

Затоа фокусот е на Полска, која со Украина дели граница долга 535 километри. Американската војска има долга историја на насочување на силите и опремата низ Полска. А, Полска ќе биде уште повеќе во фокусот на транспортот – откако Унгарија и Романија одбија да дозволат транзит на оружје низ нивните земји.

Улогата на Полска 

„Целата оваа опрема во моментов се наоѓа на полската граница. И да сакаше Словачка, тоа не е лесен пат поради планинските венци кои одат од Словачка надолу низ Романија. Значи има две рути. Едната е блиску до границата со Белорусија, а постои и една малку појужно“, изјави за ДВ Ед Арнолд, истражувач за европска безбедност во Кралскиот институт на обединетите служби во Лондон.

Марк Фино од Женевскиот центар за безбедносна политика, забележува дека динамиката на теренот може многу брзо да се промени. „Ако овие конвои или транспортот беа запрени – ако западните земји беа нападнати, без разлика дали се во границите на НАТО или веќе преку границата со Украина – тоа може да ги зголеми тензиите“.

Арнолд вели дека опасноста од ваква ескалација моментално ги спречува Русите, бидејќи би биле насочени кон снабдувањето на Западот. Според него, Русите имаат опција да тргнат од југозападниот дел на Белорусија и да ја запрат целата опрема што доаѓа.

Времето е од суштинско значење 

Друг клучен фактор е времето кое брзо истекнува за засилувања во Киев и Харков. Ова, вели Арнолд, е особено проблематично за „украинските сили на линијата на источниот фронт, кои потенцијално ќе бидат отсечени доколку наскоро не се движат западно од реката Дњепар“. Ќе им требаат залихи бидејќи водат најтешки борби. Ова се најдобрите украински војници од 95. воздушна бригада“.

Дали има некој друг начин да се донесат западните оружени системи на првата линија на фронтот во Украина? „Друга можност е украински или странски борци да ги подигнат овие работи во Полска и потоа да ја преминат границата, но тоа не е можно во голем број“, рече Арнолд.

Во оваа фаза опасноста да снема муниција е критична, вели Арнолд. „Останато е можеби муниција за пет дена муниција за потешките системи што ги имаат Украинците. Друга опција што ја имаат е да го одземат руското напуштено оружје, што ќе им обезбеди малку време, но не премногу“.

извор: ДВ

Back to top button
Close