Како вработени на ЈУ во предизборието прават притисоци врз медиуми – случај Г.А. раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово
Едно од неколкуте исклучително врели летни пладниња бевме приморани да подигнеме пратка испратена од Агенцијата за заштита на личните податоци и, преку која бевме информирани дека Г.А. од с. Ниќифорово, раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово, реагирал на текстот „Директори на Националниот парк Маврово локални функционери на ВМРО ДПМНЕ украле 50 илјади евра од буџетот“, односно бил вознемирен бидејќи со објава на неговата ЗАМАГЛЕНА фотографија заедно со адресата (с. Никифорово нема уличен систем па самото споменување на селото се третира како наведување на адреса) наводно му се нарушени правата и личните податоци. Комичноста, отиде до таму штo наведено беше „објавена е моја фотографија од мојот ФБ профил која е замаглена“.
Текстот на Либертас беше преземен од друг медиум, притоа внимавајќи, како што направиле и нашите колеги од порталот од каде ја презедовме веста, лицата на фотографиите да бидат замагледни. На барање на агенцијата им го доставивме следниот одговор:
Почитувани,
како што и самиот подносител на барањето наведува, на фотографијата објавена на порталот Либертас во рамки на текстот „Директори на Националниот парк Маврово локални функционери на ВМРО ДПМНЕ украле 50 илјади евра од буџетот“ неговиот идентитет е заштитен, односно фотографијата е замаглена. Имено, целта на замаглувањето на фотографијата е ЗАШТИТА на идентитетот на конкретно лице. Се препознава само ликот на премиерот Христијан Мицкоски.
Дополнително, според објавата во МВР билтенот Г. А од с. Ниќифорово е раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово. Самиот Г.А. тврди дека со споменувањето на с. Никифорово, како населба без уличен систем, му се нарушени прашата и личните податоци. Имајќи предвид дека с. Никифорово според пописот од 2021 година има само 59 жители, неговиот идентитет е расветлен само преку МВР билтенот каде се наведуваат неговите иницијали и неговата позиција раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово и местото кое нема уличен систем*. Дополнително, во овој момент, профилот на фејсбук на Г. А. е отворен и јавноста има можност дури да гледа и фотографии од неговата приватност, и од неговите деца. Во тој контекст идејата дека неговата ЗАМАГЛЕНА фотографија ја копромитира неговата приватност ја оценуваме, во најмала рака, како обид за манипулација.
Веројатно најважно, Г.А., како раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово има индицииите дека сторил две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ на штета на ЈУ „Национален парк Маврово“ (во неговиот случај како второпријавен се сомничи за вонреден инспекциски надзорна нелегална сеча на техничко дрво-ела во ЈУ „Национален парк Маврово“) е секако ситуација во која јавниот интерес за буџетот на националниот парк, станува приоритетен пред личните податоци.
Конкретно, второпријавениот со повреда на законските прописи овозможил да се врши пустошење на заштитена шума во Национален парк Маврово и согласно спецификација од Шумска полиција Гостивар, сечата е извршена само во одделот 67а, каде исечени се вкупно 858.75 м3 повеќе кубатура од предвиденото.
Според информациите кои ги изнесува СВР Тетово, освен оштетувањето на буџетот на ЈУ, исечена е и површина од национален парк, која, претпоставуваме дека кога би се делувало согласно прописите, не би биле предмет на нелегалната сеча.
И повторно, според пријавата на СВР ТЕТОВО пријавените, се стекнале со противправна имотна корист од извршената нелегална сеча, се до продажба на дрвната маса на претходно договорени купувачи, на штета на ЈУ „Национален парк Маврово“ во износ од 3.005.625 денари.
Злоупотребата на средствата на ЈУ „Национален парк Маврово и нелегалната сеча, и тоа како се приоритетни пред идентитетот кој, наводно е доведен под прашање поради ЗАМАГЛЕНА фотографија.
Од 2024 година, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) обезбеди директна финансиска поддршка од Буџетот на државата за сите четири национални паркови во Северна Македонија, вклучително и Националниот парк Маврово. Оваа поддршка, распределена преку Програмата за инвестирање во животната средина, има за цел да ја унапреди работата на парковите и да обезбеди потребна инфраструктура, со намера сечата на дрва да не остане главен извор на приходи.
Иако Законот за заштита на природата дозволува државно финансирање на управувачите со заштитени подрачја (чл. 141‑а), досега тоа беше остварено само во ограничен обем. Финансиската поддршка од 2024 година претставува прв чекор кон системско финансирање на националните паркови.
Покрај државната поддршка, Националниот парк Маврово може да обезбедува финансиски средства и од следните извори:
- Сопствени приходи: Надоместоци за услуги, продажба на шумски производи (освен сеча), активности во согласност со планот за управување, и други дозволени економски дејности.
- Донации и меѓународни проекти: Финансирање преку странски донатори и меѓународни програми за заштита на природата, особено по донесувањето и примената на Планот за управување со паркот.
- Еко-туризам и екосистемски услуги: Развојот на овие услуги е стратешки приоритет, со цел да се обезбеди одржливо финансирање и да се намали зависноста од експлоатација на природни ресурси.
Што се однесува до вработените во ЈУ Национален парк Маврово, нивните плати и тековното функционирање на установата се финансираат од сопствени приходи, проектни средства и, во 2024 година, делумно и од државната поддршка.
Никаде во горенаведените начини на финансирање не предвидува дополнителни средства за тројца вработни во установата преку нелегална сеча и продажба на дрвната маса на претходно договорени купувачи да го оштетат ЈУ „Национален парк Маврово“ во износ од 3.005.625 денар.
Па потоа да се борат за својата анонимност 😊
*It’s a small world, after all