ЈП Национални шуми ќе исплаќа регрес во огревно дрво, Трендафилов реагира: Државниот инспекторат за труд да отвори постапка

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, објави дека директорот на ЈП Национални шуми заедно со Претседателот на синдикатот на КСС-СО, постигнале спогодба за исплата на регрес за годишен одмор за 2023/24/25 година. Се договориле исплатата да биде во огревни дрва.

„Од рубриката верувале или не, ако е потпишана ваква Спогодба Државниот инспекторат за труд веднаш да постапи по пријавата и да утврди дали и од кој е потпишана ваква Спогодба која не само што е спротивна на Општиот колективен договор, спротивна е и на Кривичниот законик, а плаќањето во натура е спротивно на сите норми и принципи“, објави тој.

Вработените во „Национални шуми“, спротивно на регулативата, три години не добиваа надомест за годишен одмор, а пред десетина дена оттаму стигна вест дека е постигната спогодба меѓу директорот проф.д-р Здравко Трајанов и претседателот на синдикатот на КСС – СО на работниците во шумарството, шумарскиот инженер Кире Делов, за исплата на К-15 за: 2023, 2024 и 2025 година. Но, претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, ја објави спогодбата, која вели дека ја добил од загрижени вработени, а според која К-15 ќе се исплаќа во огревно дрво. Тој јавно прашува:

Дали работниците се присилуваат да потпишуваат сами дека се согласуваат К-15 наместо во пари, да се исплати во дрва на кубен метар?

Back to top button
Close