Калиниќ: Набавив вакцини од Фајзер, Хрватска не сака да ги прифати

– Началникот на Канцеларијата за управување во итни ситуации на Градот Загреб, Павле Калиниќ тврди дека преку контакти набавил половина милион дози вакцини против Ковид-19 од компанијата „Фајзер“, но оти во Хрватска никој не е заинтересиран да ги преземе истите.
Тој истакна дека за набавката бил замолен од покојниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ.
– Одредено количество е набавено. Но, во Хрватска никој не покажува интрес. Градот Загреб не може да ги увезе, туку само државата, истакна Калиниќ.
Тој додаде дека веќе трет ден никој не му се јавува во хрватското Министерство за здравство.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close