Калиопи го доби најуникатниот подарок по три концерти за еден месец!
Македонската поп-дива за помалку од еден месец трипати ја исполни салата на Филхармонијата до последно место.

На овие вечери, долги два и пол часа без пауза, ги изведе своите најголеми хитови, сподели позитивна енергија и раскажа моменти непознати за дел од публиката. Аплаузите не престануваа, а социјалните мрежи беа преплавени со пофални објави.
Вториот концерт доби посебна магија уште пред да започне. Мила и Анастасија – едни од најмладите фанови на Калиопи – ја пречекаа зад сцената и ја изненадија со рачно изработени патики од „РВР бренд“. На нив биле испишани стихови од „Црно и бело“, нацртан ликот на Калиопи и нејзина карикатурна верзија во стилот на серијата „Симпсонови“. Вакви персонализирани модели брендот досега има создадено за десетина балкански и светски имиња, меѓу кои и за Џејсон Деруло, а поп-дивата се вброи меѓу нив објави Скопје1.мк
…






