Камчев уценет по безбедноста на семејството морал во суд да изјави дека луксузните станови се мои,тврди бегалецот Груевски ?!

Веста за ставање на продажба три запленети луксузни станови на Водно најверојатно го вознемири бегалецот во Будим Пешта екс премиерот Никола Груевски и преку социјалните мрежи објави демант дека овие скапи луксузни станови не биле негови туку го „местеле.“
Поранешниот премиер излезе со детален демант на социјалните мрежи. Тој категорично тврди дека приказната за атрактивните станови на Водно е целосна измислица.
Според неговите зборови, целиот судски процес во минатото бил оркестриран. Главната намера била негова целосна јавна елиминација.
Но, најзвучниот дел во објавата се однесува на бизнисменот Орце Камчев. Груевски тврди дека познатиот бизнисмен бил ставен под жестоки притисоци зад затворени врати.
Тој посочува дека на Камчев му било загрозено семејството и дека тоа била единствената причина за неговите изјави во судницата.
Бизнисменот Јордан Камчев кој исто така неправедно беше обвинет, односно беше обвинет со цел подоцна да биде уценет и притиснат да даде изјава против мене (како и многу други во тоа време), со која ќе бидам дискредитиран и осуден, во целата постапка се држеше достоинствено и до вистината, се до пред самиот крај, кога подлегна на уцените.
Пред да се одржи последната судска сесија во која Камчев имаше збор, тој беше повикан во обвинителството кај тогашната обвинителка Лиле Стефановака (онаа за која обвинителката Кадриу во интервју неодамна раскажа во медиумите дека барала да и направат спална соба во обвинителството).
Таа му ја соопшти уцената дека ако не каже така како што таа бара од него (читај Зоран Заев), веќе е договорено тој да добие затвор од 12 години, а неговата мајка Ратка Камчева и главниот правник од неговата фирма, слични екстремно високи долгогодишни затворски казни.
Во тој момент, Јордан Камчев, за да се спаси себе си, мајка си и еден од најблиските соработници, прифати во целсот да ја промени приказната која ја говореше две години и да жртвува три стана од зградата која тој ја градел. За да не биде сам и да личи поверодостојно според сценарио предложено од обвинителката Лиле Стефанова и од Зоран Заев тој го повика за сведок и неговиот зет од сестра Мето Стојчевски и заедно ја спроведоа операцијата за која цел тој беше обвинет и уценет. Овие три стана до тој момент не беа предмет на обвинението.
Неговиот зет Мето Стојчевски во распрашување во судот призна дека иако сме се сретнале, никогаш со мене не разговарал за тие станови, но дека наводно Сашо Мијалков му кажал да ги чува на посебна фирма за мене, во која патем не сум имал никаква сопственост или било каква директна или индиректна поврзаност, па дури и дека клучевите се суште кај нив. Сашо Мијалков во судот го негираше тоа тврдење и кажа дека не постои таков разговор меѓу него и Мето Стојчевски ниту пак моја поврзаност со тие станови.
Можам само да замислам под кој притисок од Зоран Заев и неговите криминални структури биле и судиите во тоа време за да донесат или потврдат такви пресуди какви што носеа и да ги отфрлат аудио снимките кои се појавија во јавноста во тоа време во кои се слуша како Јордан Камчев категорично тврди дека немам никаква врска со таа земја са која ме обвинуваа, предмет кој го започнаа и го завршија без никаков елементарен материјален доказ против мене, од типот потпис, договор, плаќања пари, сопственост на форма, потекло на пари или било што, и мораа да одат на жесток притисок на дел од обвинетите да ме посочуваат мене како виновник.
Во текстот директно се прозиваат и останатите актери од поранешното СЈО за интриги зад сцената. Како поткрепа, најавени се и сведочењата во коментарите.

За вкупна почетна цена од 2.457.000 евра, државата повторно ги стави на продажба трите луксузните станови на Водно, кои Обвинителството ги презентираше како скриен имот на екс премиерот Никола Груевски, а кои беа конфискувани со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“.

Станува збор за три стана во Панорама резиденс, со вкупна површина од 750 квадратни метри. Апартманите се луксузно опремени, а од огромните балкони, со површина на просечен стан, Груевски требало да има неверојатна глетка кон цело Скопје.

Еден од апартманите е со големина од 155 квадратни метри, со балкон од 95 квадрати. Почетната цена од која ќе почне наддавањето е 760.000 евра. Од објавените фотографии може да се види дека станот располага со џакузи.


Вториот стан е со големина од 199 квадрати, со балкон од 48 метри квадратни. Наддавањето за него ќе почне од 847.000 евра.

Третиот е речиси со идентична големина, односно од 200 квадратни метри и со балкон од 48 квадрати. Неговата почетна вредност е проценета на 850.000 евра.


Сите заинтересирани потенцијални купувачи ќе имаат можност да ги разгледаат становите на 16 јули, а електронското надавање ќе се оддржи на 29 јули.

Во  аферата околу луксузен стан на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски исто беше вмечан контроверзниот бизнисмен Орце Камчев и случајот беше затвор со тврдење дека тој им го подарил.

За луксузните три станови на Водно проценети дека чинат 2,5 милиони евра и тврдењето на Груевски дека е местенка односно Камчев под уцена за безбедноста на неговата фамилија во суд сведочел дека сите три стана се на Никола Груевски, бизнисменот засега нема коментар кој лаже а кој ја зборува вистината.

Back to top button
Close