Канал 5: Oва се причините за апсењето на Аца Лукас во Кавадарци

Уште полошо е тоа што максималниот капацитет на гости е 200, а во моментот во локалот „Рома“ имало 500 гости. Инспекторите на УЈП, ДПИ , Инспекторатот за работа на странци и МВР утврдиле повеќе пропусти.

-Се продавале ваучери за 18.000 денари без фискални сметки

– Влезниците се продавале незаконски од по 1.000 денари

– Аца Лукас имал нерегистриран престој во Македонија и непријавен краткотраен работен ангажман

– Самиот локал немал дозвола за ваков тип музички настани

– Вчеравечер требало да се промовира новата криптовалута Лукаскоин.

Според документацијата до која дојде Канал 5 јасно е дека кафетеријата „Рома“ немала никаква дозвола за организирање на настапот на српскиот пејач Аца Лукас.

Канал 5 се обиде да го контактира сопственикот на „Рома“, но засега безуспешно. Неофицијално, овој случај потсетува на кочански „пулс“ каде што пред осум месеци се одржа концерт во нерегистриран објект и за жал последиците беа трагични.

Инаку, спрските медиуми апсењето на Аца Лукас го нарекуваат за скандалозно, а неговиот менаџер Саша Мирковиќ се огласи на социјалните мрежи со осуда

Back to top button
Close