Kaраџовски: Бараме целосна забрана за организирање на настани, скратување на работното време до 23 часот и јавниот превоз да биде исполнет до 50 отсто
Засега карантин и полициски час не е потребно, но доколку продолжи овој тренд, не ни преостанува ништо друго освен полициски час, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски.
„Одредени настани се главниот промотор на поголемиот број на случаи. Концерти, забави, семејни прослави. Никој не носеше маска. Очигледно тоа не се почитуваше. Ќе речам дека овој есенски бран малку подрани. Ако продолжи да не се почитуваат мерките, не ни останува ништо освен полициски час. Сами ако не си помогнеме, нема никој. Ако не ги почитуваме мерките, тоа ќе не одведе до огромен број на заболени“, истакна Караџоски.
Една од мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести е забрана за работа на економските оператори после 23 часот, а таа се однесува на сите објекти меѓу кои и на угостителските објекти. Караџовски истакна дека мерките се планираат за да нема подела на операторите.
Епиде*иологот потенцираше дека и покрај тоа што не биле дозволени веселби или собирања на свирки по кафулиња тоа се случувало поради што има пораст на заболени.
-Не сум видел концерт каде народ џуска, вришти и носи маска. Никаде не беше кажано дека може да се организираат свадба, а вусшност знаеме дека се организираат и прават свадби и веселби. Никогаш не сме рекле како комисија и министер за здравство дека е дозволено да се прават свадба. А луѓето правеа. Изнајмуваа ресторани и со каса фискална на секоја маса претставуваа дека се по 4 гости на маса, рече Караџовски на прес конференцијата по седницата на Комисијата.