Карагер: На Арсенал му требаат три бода против Сити за да ја освои Премиер лигата


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер по ремито на Арсенал синоќа со Саутемптон (3:3) во натпреварот од 32. коло на шампионатот на Англија ги сподели своите очекувања за натпреварот на „Топџиите“ против Манчестер сити во среда.

– Беше одличен натпревар за неутрален навивач, но ќе биде разочарување за двата тима. Мислам дека на Арсенал му требаат три бода против Сити за да ја освои лигата. Сè уште судбината е во рацете на Арсенал. Долго време беа лидери на табелата, сега треба да направат чуд, изјави Карагер за „Би-би-си“.

Арсенал е прв на табелата во Премиер лигата со 75 бодови. Водството пред второпласираниот Манчестер сити е пет бода, но тимот на Хосеп Гвардиола има два натпревари помалку.

Back to top button
Close