Карлеуша сподели снимка по инцидентите: „Му*а, концертот заврши до крај – нападнаа жени и деца
По инцидентите и навредливите извиците кон неа на концертот во Лозница, Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи. Таа објави видео од крајот на настапот, отфрлајќи ги тврдењата на дел од медиумите дека настапот бил прекинат.
„М**а. Заради ужасни текстови и коментари полни со омраза кои меѓу другото излажаа дека сум го прекинала концертот, имам потреба да ја објавам оваа снимака. Некои 20-тина платеници (со многу чуден изглед и акцент, како да не се од Србија) дојдоа со намера да го покарат концертот напаѓајќи жени и деца, но беа небитни во однос на прекрасните луѓе во публиката за кои настапив до крај“, напиша Карлеуша.
Во друга објава пејачката им се заблагодари на присутните со порака: „Фала Лозница, бенгавме јако“, на што доби иронични коментари: „Чекај да те исправам, ‘бегавме јако’“.