Карлос Саинц забележа најбрзо време на вториот ден од претсезонските тестирања во Формула 1


Карлос Саинц со Вилијамс забележа најбрзо време на вториот ден од претсезонските тестирања во Формула 1 на патеката Сахир во Бахреин.

Шпанецот постави време од 1:29.348 минути и ги победи Британецот Луис Хамилтон и Шарл Леклер со Ферари за 31, односно 83 илјадити делови од секундата. Хамилтон беше прв во утринската сесија.

Светскиот вицешампион Ландо Норис во Мекларен, кој беше најбрз во средата, денеска го зазеде 14-тото место, веднаш зад неговиот тимски колега од Австралија, Оскар Пјастре.

Актуелниот четирикратен светски шампион Макс Верстапен денеска не возеше за Ред Бул, оставајќи го другиот возач на тимот Лиам Лосон да вози цел ден.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close