Касами бара парите да бидат на албански јазик

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка, односно за банкнотите да бидат и на албански јазик.

„Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици и ја унапреди употребата на албанскиот јазик, тогаш еден од Законите кои треба да се смени е Законот за централна банка, за и банкнотите на оваа земја да бидат на албански јазик“, изјави Касами.

Back to top button
Close