Касем: Нетанјаху е исплашен бидејќи ни е мета

Новоименуваниот лидер на Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е исплашен бидејќи, како што тврди, е цел на милитантната група.

„Овој пат преживеа, но можеби неговото време сè уште не е дојдено“, рече Касем, мислејќи на нападот на Хезболах врз резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја.

Тој додаде дека „Нетанјаху може да биде убиен од Израелец“, за време на еден од неговите говори, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Непријателот мора да знае дека неговото бомбардирање на нашите села и градови нема да не принуди да се повлечеме, а отпорот е силен и тој успеа да испорача дрон во собата на Нетанјаху“, рече Касем во својата прва изјава откако беше назначен на функцијата.

Тој посочи дека Хезболах ќе продолжи да води војна против Израел и дека воените операции ги смета за превентивна одбрана.

Back to top button
Close