Кастекс: Убиството на полицајката во Рамбује е напад врз Франција

– Убиството на полицајката во предградие на Париз е напад врз Франција, изјави денеска премиерот Жан Кастекс.
-Уште еднаш е нападната нашата Република. Уште еднаш Франција е загрозена. Ние нема да дозволиме ова да помине само така, изјави Кастекс пред новинарите во градот Тулуз, пренесуваат британските медиуми.
Административна полициска службеничка вчера беше избодена до смрт кога еден човек влезе во полициската станица во Рамбује.
Претседателот Емануел Макрон изјави дека Франција уште еднаш е жртва на терористички напад.
Напаѓачот е од туниска националност, кој живее во Франција и беше убиен од полицијата.
Француското обвинителство за борба против тероризмот соопшти дека спроведува истрага затоа што напаѓачот претходно добро го прегледал местото за се што зборувал за време на нападот.
Судски извор запознат со истрагата изјави дека напаѓачот на арапски јазик извикувал „Алах Акбар“ и на француски „Бог е најголем“.






