Кастриот Реџепти најави иницијатива под името „Европа 21“

Пратеникот Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да покрене неформална политичка иницијатива во Собранието под називот „ЕВРОПА 21“.

Според наведеното, иницијативата е за „обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евроатлантската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската унија“.

Соодветно на моите последни политички одлуки и активности, сакам да информирам дека одлучив да покренам неформална политичка иницијатива во Собранието на Република Северна Македонија – ЕВРОПА 21 – за обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евроатлантската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската унија. Веќе го остварив првиот чекор и после вчерашната средба со премиерот Заев, на моја иницијатива денес имав продуктивна средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, каде одблиску се запознав со сите процеси од надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава. Како што очекував, добив силна потврда за големиот број активности кои се преземаат и од наша стана, но и од нашите меѓународни пријатели за да се одблокира овој процес, активности во кои целосно верувам и поради тоа ќе го вложам целиот мој политички капацитет. Сакам да ги повикам сите прогресивни сили, особено апелирам меѓу пратениците во парламентот кои знам дека го делат овој политички став но во моментов се блокирани од своите политички групации, да ми се придружат и да се обединиме за да може нашиот политички став да добие ефективна реализација“ – пишува Реџепи.

Back to top button
Close