Кава од Полска противничка на Ѓорческа во првото коло од квалификациите на АО

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа настапот во квалификациите на Австралија опен во Мелбурн ќе го почне против полската тенисерка Катарина Кава.

Ривалката на Ѓорческа има 31 година и се наоѓа на 197. место на ВТА ранг-листата во поединечна конкуренција, додека во двојки е рангирана на 115. место.

Пред заминувањето за Мелбурн, Ѓорческа истакна дека е задоволна од резултатите во претходната година, кои воедно и овозможија настап на Австралија опен.

Плановите на Лоина за оваа година и се настап на сите четири Грен слем турнири, како и да се обиде да го подобри својот пласман (најдобар ранг во кариерата и е 170. место остварен на 12 јуни 2017 година).

Мечот Ѓорческа – Кава е планиран да се игра во вторник.

Back to top button
Close