Казнети 648 возачи за брзо возење на територија на цела држава 

Санкционирани 371 возачи во Скопје, 120 за пребрзо возење

 Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија  санкционирани се 648 возачи на возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило, стои во денешното соопштение од МВР, се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје 117, а потоа на територија на СВР Охрид 82, на територија на СВР Куманово 80…, се наведува во соопштението од МВР.

Back to top button
Close