Кениецот Ротич и Етиопјанката Мемује победници на Парискиот маратон

 

 Кениецот Елиша Ротич победи на Парискиот маратон денеска во машка, додека во женска конкуренција триумфираше Тигист Мемује од Етиопија.

Ротич со време 2:04:21 постави рекорд на митингот, соборувајќи го седум години стариот рекорд на сонародникот Кенениса Бекеле (2:05:04).

Во женска конкуренција Мемује мина прва низ целта со време 2:26:12, само три секунди пред сонародничката Јененеш Динкес.

Парискиот маратон, на кој се собраа 60.000 тркачи од 145 држави, требаше да се одржи април, но беше одложен за шест месеци поради пандемијата на коронавирус.

Од истите причини трката минатата година не се одржа.

Back to top button
Close