Килијан Мбапе го скрши носот, ќе игра со маска на ЕП

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе во текот на ноќта се приклучи на тренинг кампот на репрезентацијата, бидејќи нема да мора да го оперира носот, пренесува Екип.

Мбапе го скрши носот на синоќешниот натпревар против Австрија во првото коло од групата Д на Европското првенство во Германија.

Франција синоќа во Диселдорф ја победи Австрија со 1:0, а капитенот на „триколорите“ во финишот на мечот си го скрши носот, откако со глава го удри во рамото на противничкиот играч Кевин Дансо.

На францускиот фудбалер му беше помогнато на теренот, но тој мораше да ја напушти играта. Во текот на ноќта Мбапе беше прегледан во болница во Диселдорф.

„Мбапе се врати во кампот на француската репрезентација. На капитенот на Франција му помогнаа медицинскиот персонал и докторот Франк ле Гал, кој по дополнителните прегледи утврди дека се работи за скршеница на носот. Мбапе ќе се лекува неколку дена, но нема да мора да оди на операција во блиска иднина „На Мбапе ќе му биде направена маска на носот за капитенот на Франција да може да се врати во натпреварувањето по третманот“, соопшти Француската фудбалска федерација (ФФФ).

Од тимот наведуваат дека капитенот на француската репрезентација е неизвесен за натпреварот од второто коло од групата Д на Европското првенство против Холандија кој е закажан за 21 јуни.

Back to top button
Close