Километарска колона возила со часови заглавена кај Маврово Заглавените се жалат дека нема ни полиција ни од Македонија пат.

Сончевиот викенд во Маврово заврши и сега километарска колона возила е заглавена со часови на пат за дома. Некои од граѓаните чекаат повеќе од четири часови.

Телма пренесуваат дека и резервоарите со гориво им се при крај, а полицијата ги пренасочува да се враќаат од кај селата Леуново и Никифорово, што е цел круг околу езерото бидејќи немало услови за движење од другата страна.

Во текот на денот поплаки за гужва на Маврово се појавија и на социјалните мрежи. Наводно, скијачите со часови чекале за да извадат ски-билети, оставени да се прашуваат зошто нема можност за купување на карти преку интернет.

Според првичните информациите од ЦУК се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.

Освен студот, стравуваат дека ќе останат без бензин затоа што ги пренасочуваат од кај селата Леуново и Никифорово, треба да направат цел круг околу езерото, бидејќи велат дека нема услови за движење од другата страна.

Доцна вечерва беше соопштено дека редиците колони започнале да се движат и дека набргу ќе се реши колапсот во сообраќајот.

Back to top button
Close