Кина бележи рекорден пад на дневните случаи – само пет новозаболени

Кина денеска го потврди најмалиот локален број дневни случаи на коронавирус во речиси два месеци. Земјата вчера имала само 23 локални инфекции, а претходниот ден бројката изнесувала 43, со што четири дена по ред се намалува бројот на симптоматски случаи. Пекинг вчера извести за пет случаи, за два повеќе од претходниот ден.

Воедно, ова е и најмалата бројка на дневна основа од 29 ноември минатата година. Под 10 случаи се регистрирани во централната провинција Хенан и во северниот град Тијанџин. На овие места во последните десет дена евидентирани се најмногу локални трансмисии во Кина.

Не е регистриран ниту еден нов смртен случај. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени случаи во Кина изнесува 105.484, како локални, така и увезени од странство. Иако Кина е меѓу земјите кои имаат мала локална преносливост, земјата е претпазлива. Претходно, беа воведени национални стратегии за затворање на цели заедници и деловни активности.

Back to top button
Close