Кина го претстави најбрзиот воз во светот кој достигнува 450 километри на час
Кина го претстави новиот прототип на брз воз „ЦР450“, кој ќе го заземе местото на најбрзиот воз на светот. Возот, кој беше претставен во Пекинг, постигна максимална брзина од 450 километри на час на пробно возење, додека неговата оперативна брзина ќе изнесува 400 километри на час. Кога ќе влезе во комерцијална употреба, „ЦР450“ ќе го надмине сегашниот кинески модел „ЦР400“, кој достигнува 350 километри на час.
Возот беше дизајниран од компаниите „CRRC Changchun Railway Vehicles“ и „CRRC Sifang“, кои го истакнаа неговото подобрено енергетско ефективност, контрола на бучавата и врвни сопирачки перформанси. За да ги исполнат строгите стандарди за комерцијална употреба, дизајнерите спроведоа повеќе од 3.000 симулации и преку 2.000 тестови.
Во последната деценија, Кина стана глобален лидер во развојот на железницата, изгражувајќи мрежа која се протега на над 160.000 километри, вклучително 46.000 километри брзи линии. Брзата железница во Кина е позната како ефикасна алтернатива на воздушниот сообраќај за патувања до 1.100 километри, поврзувајќи поголеми градови со руралните области. (Рацин)