Кинотека продолжува со летното кино „Мирно лето“ и во октомври

Филмската програма на Кинотеката под отворено небо во летното кино „Мирно лето“ продолжува и во октомври.

Според Кинотека, со најавените здравствени протоколи есенва ќе почнат и стандарните филмски проекции во кинотечното кино.

На 7 октомври Кинотека ќе ја додели наградата за животно дело „Златен објектив“, а од 13 – 15 октовмри ќе се одржи Интернационалниот фестивал на дебитантски филмови „Киненова“.

За идниот месец Кинотека најавува филмови за сечиј вкус, меѓу кои и новиот македонски, „ТМ“, на двоецот Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов во независна продукција.

На 5 октомври ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Хронофобија“ на Франческо Рици, додека за 6 октовмри се закажани проекциите на „Хакер“, дански филм во режија на Пол Берг, како и „Каде припаѓаме?“, швајцарски документарец на Жаклин Цинд, номиниран за „Кристална мечка“ на филмскиот фестивал Берлинале 2019 во програмата Generation Kplus и добитник на Young Eyes наградата на Документарниот фестивал во Лајпциг.

На 8 октомври породлжуваат кино проекциите со „Студена војна“ на Павел Павликовски и со македонскиот „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов, на 9 октомври публиката може да го гледа „Паразит“ на Бонг Џун Хо, а на 10 октомври ќе биде прикажан „Офицер и шпион“ на Роман Полански.

На 17 октовмри се „Мартин Идн“ од Пјетро Марсело и „Вистината“ на Хироказу Корееда. Влезницата за сите филмови е 100 денари.

Back to top button
Close