Клековски: Четворица хоспитализирани има во Гостивар – во ниту еден момент немало криење на информации од МЗ
Во моментов има 3.100 здравствени контакти, тука се вклучени и телефонски јавувања, интервенции на Брза помош. Вчера има вкупно 564 први здравствени контакти – рече на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски за состојбата со епидемијата во Гостивар.

Тој напомена „На 19.07 е прв ден со намалување на први контакти“.
Клековски рече дека „Има едно дете и тројца хоспитализирани“.
Клиничката слика останува иста, нема промени, стомачни проблеми, поретко со треска и температура. Се вршат неопходни истражувања. Во ниту еден момент немало криење на информации од МЗ – рече Клековски.






