Кличко : Ми го убија пријателот додека делеше леб

Поранешниот боксер и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко преку Телеграм кажа дека градот ќе го бранат од руските воени трупи по секоја цена.

„Главниот град се подготвува за одбрана. Ги замолувам сите луѓе да останат мирни. Бидете дома, или кога ќе го слушнете алармот, во засолништа.

 

„Киев ќе преживее! Ќе се брани со сите сили“, е дел од пораката на Виталиј Кличко во новото видео обраќање.

„Ајде да застанеме сите заедно! Слава на Украина!“, додаде Кличко.

„Во близина на Киев продолжуваат жестоките борби. Со посебен бес непријателот ги уништува Буча, Хостомел, Ворзел, Ирпин. Тој намерно убива цивили. Тие го убија шефот на Хостомел, Јуриј Прилипко. Кога на луѓето им делеше леб и лекови. Ова е мојот колега, кого добро го познавам. Тој беше со својата заедница до последниот здив. Се грижеше за луѓето“, рече Кличко.

Украинскиот градоначалник рече дека украинските градови херојски се бранат и додека армијата храбро ја брани Украина, цивилите бестрашно протестираат против окупаторите.

Back to top button
Close