Клиперси и Сакраменто го одиграат вториот по ефикасност натпревар во историјата на НБА

Тимот на Сакраменто кингс ги совлада Лос Анџелес Клиперс рано утрово на гостински терен со 176:175.

Екипите одиграа две продолженија и постигнаа вкупно 351 поен. Ова е втор натпревар со најголем број поени во историјата на НБА-лигата.

Најефикасен на натпреварот во победничкиот тим беше Малик Монк со 45 поени, кај домаќините Каваи Ленард постигна 44.

За Клиперси дебитираше Расел Вестбрук со 17 поени, 14 асистенции и 7 скока.

Најефикасниот меч во најсилната светска кошаркарска лига е средбата помеѓу Детроит и Денвер (186:184), која се одигра на 13 декември 1983 година.

Back to top button
Close