Клубовите во Ла Лига ќе ги продолжат колективните тренинзи на 1 јуни

Екипите од Шпанското фудбалско првенство в понеделник, на 1 јуни, ќе можат да продолжат со колективни тренинзи.

Ла Лига доби дозвола од Министерството за здравство на Шпанија.

На почетокот од овој месец, играчите започнаа со индивидуални тренинзи. Подоцна, на тимовите им беше дозволено да се вклучат во групи од 10 лица.

На 1 јуни ќе стапи на сила последната, четврта фаза од протоколот за обука, кога клубовите можат да започнат со групно тренирање.

Продолжувањето на сезоната во Ла Лига, прекината во март заради пандемијата на коронавирус, е закажана за 11 јуни.

Back to top button
Close