Кобила се ождреби на сред улица во скопски Карпош

На сред улица во скопската населба Карпош кобила донесе на свет младо ждребе.
Фотографијата од необичната сцена од „Илинденска“ на „Фејсбук“ ја објави новинарот Игор Паневски. На неа се гледа новороденото ждребе, кое изгледа како да е старо само неколку минути.се гледа ждребето и неговата мајка која само што се ождреби.
Штотуку родено ждребе било затекнато среде улица во Скопје, додека покрај него се наоѓале кобилата и уште еден коњ. За случајот сведочи скопјанката Билјана Николовска, која објави и фотографија од животните.
Според нејзината објава, таа утринава се движела по улицата „Илинденска“ кога пред крајот на улицата го забележала новороденото ждребе како лежи на коловозот, со плацентата покрај него.
Николовска тврди дека застанала и успеала да го извлече малото животно од коловозот и да го премести на тревата покрај патот.
„Никој да застане да помогне. Застанав, едвај го извлеков на тревата покрај патот, а идиотите подзастануваа и со мобилните снимаат“, напиша таа.
Таа додава дека побарала помош, но, според нејзиното сведоштво, никој од присутните не се вклучил.
На фотографијата што ја објави се гледа ждребето како лежи на тревна површина покрај кобилата, непосредно по раѓањето.
Фотографијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Засега нема официјални информации кој е сопственикот на животните.
Граѓаните очекуваат надлежните општински и ветеринарни служби соодветно да реагираат.






