Коцевски: Тројцата осомничени градоначалници на Кочани  не ги извршиле своите правни обврски. Од 2012 година општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект за кабарето „Пулс“

Тројцата осомничени градоначалници на Кочани во период од 2012 година до 16 март во 2025 година, како и двајца осомничени директори на Дирекцијата за заштита и спасување, не ги извршиле своите правни обврски, согласно закон, за заштита и спасување, со што овозможиле кабарето „Пулс“ незаконски да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон, истакна државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција попладнево во Кочани.

„За целиот тој период, Општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект“, рече Коцевски.

Back to top button
Close